Настани

Акција во ОУ Дедо Иљо Малешевски

08.03.2015

Продолжува соработката со општините од источно-планскиот регион и тоа не само со правните лица, туку и со сите училишта од овој регион. ЕКОПРОЕКТ – КО ДОО Кочани потпиша договор за откуп на отпад од пакување со ОУ Дедо Иљо Малешевски од Берово. Очекуван бенефит од овој договор е пред се заштита на животната средина преку собирање и селектирање на отпад од пакување.

 

Во склоп на програмата Биди модерен-селектирај паметно која ја организира и спроведува ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани, фирма партнер на ЕКОПРОЕКТ - КО и во знак на деловната соработка со Општина Берово преку потпишаниот договор со ОУ Дедо Иљо Малешевски, ЕКО-ПАК ХИТ на ОУ Дедо Иљо Малешевски му додели хартија во боја. Учениците од ОУ Дедо Иљо Малешевски организираа акција и од хартијата изработија прекрасни подароци по повод 8ми Март, денот на жената.

ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО ул.: Маршал Тито бр.45, 2300 Кочани  |  Тел: 077 501 761; 078 316 418  |  info(at)ekoproektko.com.mk  |  С-ка: 530-15-01-01-45-43-60  Охридска Банка АД Скопје

Copyright © 2016 ЕКОПРОЕКТ-КО

design by:  Brainluft