Настани

Награда во категоријата Зелена економија во рамки на проектот: „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“, финансиран од Европската Унија

04  април 2019

Во Скопје се одржа  Свечен завршен настан со Церемонија за доделување на WE MAKE награди, во рамки на проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“, финансиран од Европската Унија, спроведуван од ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска, заедно со Здружението на бизнис жени од Република Македонија.

 

На настанот се презентираа реализираните активности и постигнати резултати, за појасна слика за важноста на проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“ за развојот на женското претприемништво.

 

Во рамки на свечениот дел – Церемонијата за доделување на WE MAKE награди за најуспешните жени претприемачки, се доделија награди во 9-те категории:

 

• Start up компанија

• Иновативна компанија

• Агро бизнис

• ИКТ и СТЕМ

• Зелена економија

• Експорт

• Компанија со најголем успех основана од млади (до 30 години)

• Компанија со најголем успех во изминатата година

• Социјало претпријатие

 

Добитничка на наградата Зелена економија во рамки на проектот е Биљана Митева, управител на ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО.

ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО ул.: Маршал Тито бр.45, 2300 Кочани  |  Тел: 077 501 761; 078 316 418  |  info(at)ekoproektko.com.mk  |  С-ка: 530-15-01-01-45-43-60  Охридска Банка АД Скопје

Copyright © 2016 ЕКОПРОЕКТ-КО

design by:  Brainluft