Продолжува соработката со општините од источно-планскиот регион и тоа не само со правните лица, туку и со сите училишта од овој регион. ЕКОПРОЕКТ – КО ДОО Кочани потпиша договор за откуп на отпад од пакување со ОУ Дедо Иљо Малешевски од Берово. Очекуван бенефит од овој договор е пред се заштита на животната средина преку собирање и селектирање на отпад од пакување.

Во склоп на програмата Биди модерен-селектирај паметно која ја организира и спроведува ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани, фирма партнер на ЕКОПРОЕКТ – КО и во знак на деловната соработка со Општина Берово преку потпишаниот договор со ОУ Дедо Иљо Малешевски, ЕКО-ПАК ХИТ на ОУ Дедо Иљо Малешевски му додели хартија во боја. Учениците од ОУ Дедо Иљо Малешевски организираа акција и од хартијата изработија прекрасни подароци по повод 8ми Март, денот на жената.