Акција за собирање на електричен и електронски отпад во организација на Ротари Клубот Кочани-Виница е одржана на 02 и 03 јуни 2016 година во просториите на ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани во место викано Соколовица број 1 во населба Оризари општина Кочани,со почеток од 08:00 до 16:00 часот.

Електронскиот и електричниот отпад донесен од страна на правните и физички лица во просториите на ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани, е без надомест, согласно член 21 став 2 од Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.

Согласно член 20 став 8 од Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема на сите правни лица им се издава соодветна документација (транспортен формулар, идентификационен формулар, кантарска белешка, приемница и изјава) која што на компаниите им е потребна за сметоковдствен отпис, бидејќи секако овој тип на отпад пред да стане отпад бил основно средство за работа.

Што е всушност електронски  и електричен отпад?

Тоа не е комунален отпад, туку  е опрема која што ја создаваат домакинствата и правните субјетки и имаат намера да ја отфрлат од употреба вклучувајќи ги сите составни делови, потсклопови и потрошни делови и материјали кои се дел од производот во моментот на исфрлање.

Со цел да создадеме здрава околина за живеење треба да се грижиме за природата, за таа да ни врати на ист начин. За таа цел ваквиот тип на отпад треба да биде предаден во центар кој подоцна ќе го рециклира и ќе создаде суровина за нов производ.

ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани со своето мото  Вистински избор за Вашата иднина!!! ја подржува акцијата за собирање на нефукнционална опрема во компаниите на која рокот на употреба и е завршен и е складирана во магацини на компаниите и нефункционална опрема од домаќинствата.

Со подржување на оваа акција на компаниите им се нуди можност да бидат водачи во имплементирање на Законот за управување со електрична и електронска опрема и управување со електричен и електронски отпад, давајќи пример за општествена одговорност и  придонес на чиста и здрава животна средина.