Во организација на „Еко-Пак Хит“ ДОО и Општина Кочани, а во соработка со еко одборите на основните и средните училишта во Кочани и „ЕКОПРОЕКТ-КО“ ДОО реализирана е еко акција на потегот Кочани – Брана Гратче. Акцијата е спроведена на ден 04.05.2015 година, во периодот од 8 до 10 часот, а пораката која учесниците ја испраќаат со неа е: Не оставајте отпадоци по вас!

Учесниците во акцијата од „ЕКОПРОЕКТ-КО“ добија маици, ракавици и црни најлон вреќи за собирање отпад. Собраниот отпад од пакување е пренесен во откупниот центар на ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО, каде после примарното селектирање ќе биде пренесен за понатамошно рециклирање.

Целта на акцијата во која учествуваат ученици и наставници е на една од најфреквентните излетнички релации во Кочанско да се исчистат отпадоците што ги оставаат излетниците по првомајскиот викенд.