ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани во текот на 2016 година се јавува како покровител на Карате Клуб Кочани од Кочани. Го следи клубот на сите одржани натпревари, подарувајќи им на младите натпреварувачи летни маички и збогатувајќи го секој натпревар со пријатни изненадувања за посетителите.

Карате Клуб Кочани беше дел од натпреварот Фунагоши Гичин кој се одржа на 12 март 2016 година. На натпреварот учествуваа 7 натпреварувачи и сите натпреварувачи се вратија се добри резултати и награди. На 02.04.2016 година Карате Клубот Кочани од Кочани со 5 натпреварувачи настапи на Меѓународниот турнир во организација на Карате Клубот Тигар, најголем турнир во Македонија и пошироко, од каде се врати со медал, односно 2ро место. Натпреварувањето продолжува на 09.04. 2016 година на Државното првенство.