Во Скопје се одржа Свечен завршен настан со Церемонија за доделување на WE MAKE награди, во рамки на проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“, финансиран од Европската Унија, спроведуван од ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска, заедно со Здружението на бизнис жени од Република Македонија.
На настанот се презентираа реализираните активности и постигнати резултати, за појасна слика за важноста на проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“ за развојот на женското претприемништво.
Во рамки на свечениот дел – Церемонијата за доделување на WE MAKE награди за најуспешните жени претприемачки, се доделија награди во 9-те категории:
- Start up компанија
- Иновативна компанија
- Агро бизнис
- ИКТ и СТЕМ
- Зелена економија
- Експорт
- Компанија со најголем успех основана од млади (до 30 години)
- Компанија со најголем успех во изминатата година
- Социјало претпријатие
Добитничка на наградата Зелена економија во рамки на проектот е Биљана Митева, управител на ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО.