На 12 февруари 2026 година, во хотел Холидеј Ин – Скопје, се одржа валидациската работилница „Pathways to Skills and Inclusion in the Solid Waste Sector“, организирана од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во рамки на програмата „Инклузивна и општествено одговорна јавна набавка“ (ISRP), финансирана од Европската Унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).
Работилницата беше посветена на презентирање на клучните наоди од извештајот за јазот во вештини во секторот за цврст отпад, како и на дискусија за идните образовни и вработувачки патеки неопходни за усогласување на секторот со европските стандарди
Во рамки на Панел 3: „Future prospects in the sustainable waste management sector“, учество како говорник имаше М-р Биљана Митева, управител на ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани, која говореше за реалните потреби од вештини од перспектива на приватен оператор, потребата од практични и сертифицирани обуки за оперативен и технички кадар, можностите за развој и проширување на локалните капацитети, потенцијалот за нови работни места во секторот и предизвиците со кои се соочуваат компаниите во пракса.
Во своето излагање, таа ја нагласи улогата на приватниот сектор како клучен носител на оперативните процеси во системот за управување со отпад и истакна дека одржливоста на секторот зависи од: континуирано вложување во човечки капацитети, структурирани и практично ориентирани обуки, подобра координација меѓу институциите, компаниите и образовниот систем, зголемена јавна свест и примарна селекција на отпадот.
Настанот обедини претставници од институции, меѓународни организации, образовни институции и компании од секторот, со цел да се дефинираат конкретни чекори за јакнење на вештините и инклузијата во секторот за одржливо управување со отпад.
Со своето учество, ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани уште еднаш ја потврди својата посветеност кон професионализација на секторот, унапредување на вештините и активен придонес во процесот на усогласување со европските стандарди во областа на управување со отпад.