Дејност
ЕКОПРОЕКТ-КО врши превземање на цврст неопасен отпад, ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ, ГЕНЕРИРАН од предметното работење на клиентите.
Вршиме превземање на следниве материјали: користен стар најлон, хартија и картон, ПЕТ-пластика- ПП- ХДПЕ, ДРВЕНИ ПАЛЕТИ. ЕКОПРОЕКТ-КО доставува кеси, садови за селектирање на отпад на свој трошок и мерењето го врши на баждарена вага во својот склад, „Куќата на отпадот“.
Со превземањето на неопасниот отпад ЕКОПРОЕКТ-КО доставува соодветна документација
Плаќањето се врши месечно, најдоцна 30 дена по добивањето на фактура од страна на создавачот на отпад.
Друштвото остварува соработка со повеќе училишта и заеднички ја спроведуваат програмата „Откуп на цврст неопасен отпад – секундарни суровини“. Главна придобивка е можноста за создавање на еко-училишта, кои ја имаат усвоено заштитата на животната средина. Реализацијата на програмата дава конкретни и мерливи резултати за локалната средина и пошироката заедница.
Превземениот отпад од создавачите примарно се преработува во „Куќата на отпадот“, се балира во вид на бали со димензии 90, 80, 80 и со следниве тежини во просек: за хартија и картон – 120кг, пластика- 80кг, ХДПЕ- 70кг, најлон- 100кг. Механичкиот третираниот отпад се транспортира до крајните рециклатори.
ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО со свој член зема учество и дава свој придонес во Проектот „Вклучување на неформалните собирачи на отпад во формалниот систем за управување со отпад во земјата“.
ЕКОПРОЕКТ-КО соработува со ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување. Соработката главно се однесува на поддршка за спроведување на акции со цел за намалување на количината на отпад од пакување.
ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО КОЧАНИ
ИЗГОТВУВА
Елаборати за заштита на животната средина
Врз основа на член 24 од законот за животната средина и согласно Уредбата за дејностите и активностите за кои задолжително се изработува елаборат, а за чие одобрување е надлежен градоначаникот на општината, сите фирми од производната дејност се обврзани да изработат елаборат за заштита на животната средина
-
Ресторани
-
Пицерии
-
Авто Сервиси
-
Конфекции
-
Угостителски објекти
-
Производствени капацитети
ул. Маршал Тито бр. 45
2300, Кочани
+389 77 501 761
+389 77 501 757
ekoproekt_ko(at)yahoo.com