За Нас

Дејноста – собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани ја врши врз основа на стекнатите дозволи на вршење дејност Собирање и транспортирање на комунален отпад, Вршење на дејност трговија со неопасен отпад и Вршење на дејност складирање и третман на отпад издадени и одобрени од Mинистерството за животна средина и просторно планирање.

Насочени сме кон постигнување на повеќе цели:

ПРЕКУ систем за организирано собирање на отпадно ХДПЕ и ПЕТ пакување, отпадна стара хартија, отпадни лименки, стар искористен најлон, да се создадат услови за чиста  животната средина.

Создавање механизам за реализирање активности насочени кон влијание на подигање на јавната свест кај населението за штетноста на пластиката и другите отпадни суровини, како и нивно искористување како суровина.

Засилување на ефектите од ангажманот за зачувување на животната средина.

Вклучување, мотивирање и едукација на училишта, граѓански организации, собирачи и јавноста за собирање на отпадното пакување.

Прашања

Кои материјали ги откупувате?

Вршиме превземање на следниве материјали: користен стар најлон, хартија и картон, ПЕТ-пластика-ПП-ХДП, палети.

Каде го вршите мерењето?

Мерењето на отпадот се врши на баждарена вага во складот, односно “Куќата на отпадот”.

На кој начин се врши плаќањето?

Со превземањето на неопасниот отпад ЕКОПРОЕКТ-КО доставува соодветна документација Транспортен формулар, Кантарска белешка и Приемница. Плаќањето се врши месечно, најдоцна 10 дена по добивањето на фактура од страна на создавачот на отпад.

Каде се наоѓа откупниот пункт на ЕКОПРОЕКТ-КО?

“Куќата на отпадот” се наоѓа на улица Тодосија Паунов бр. 52 населба Оризари, Кочани – до базата на Гранит.

Која е цената за изработка на елаборат?

Цената за изработка на еден елаборат зависи од површината на објектот како и од дејноста на објектот за кој се изработува елаборатот.

Дали вршите откуп од физички лица?

Да, вршиме откуп како од правни така и од физички лица.

ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО